Спалети ги погоди замените, Наполи останува на чело на Калчо-лигата

Елиф Елмас и Наполи ќе го завршат и ова коло како лидери на Калчо-лигата откако „наполитанците“ славеа на дуелот со Болоња со 3-2. Лучијано Спалети повлече вистински потези на паузата, уште на стартот од вториот дел уфрлајќи ги Лозано и Осимен, кои ја донесоа победата на овој тим, шеста во низа за Наполи во Серија А.

Домаќините се мачеа да го скршат отпорот на „болоњезите“, а гостинскиот тим најави изненадување кога успеа прв да дојде во водство кон крајот на првото полувреме преку Зиркзе. Наполи се разбуди пред самиот крај на полувреме кога дефанзивецот Жезус одлично се снајде во една мешаница и го израмни резултатот.

Влегувањето на Лозано и на Осимен придонесе домашниот состав да заигра уште поквалитетно, па токму со головите на овие двајца фудбалери „наполитанците“ стигнаа до победата.

Елиф Елмас повторно го почна натпреварот од клупата за резерви и влезе во игра при резултат 3-2, на местото на Ндомбеле.

Наполи е на врвот на табелата со 24 бода, два повеќе во однос на второпласираната Аталанта.

Се вчитува...