Крос ги „пецна“ Роналдо и Меси: Валведре е во топ-3 играчи на светот!

Реал Мадрид изминатиот викенд ја совлада Барселона со 3-1, а еден од стрелците на головите беше Уругваецот Федерико Валверде, кој од почетокот на сезонава стана важен столб на кралскиот клуб.

По уште една извонредна игра, младиот фудбалер доби комплименти од сите страни. Тони Крос веќе во неколку наврати најавува нова епоха и доминација во светскиот фудбал, елиминирајќи ги некогаш најдобрите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, па сега беше еден од оние кои не пропушти прилика да упати пофални зборови на својот колега.

Германецот на Твитер напиша дека Валверде е меѓу тројцата најдобри фудбалери на светот, во моментов, а за возврат Уругваецот му одговори дека тој е неговиот најдобар учител.

Валверде има четири гола и една асистенција на девет натпревари во новава сезноа и тоа е дефинитивно поважна улога од таа што ја имаше минатата сезона. Тогаш одигра 31 меч, а ниту еднаш не се запиша како стрелец, со само една асистенција.

Меѓутоа, Карло Анчелоти веруваше во него и, речиси, постојано го играше стартер. Во септември, наводно, му рекол на шега „ако не дадеш 10 гола оваа сезона ќе си ја искинам дипломата и ќе си одам“. Валверде очигледно е послушен и тргна по таа бројка.

 

 

 

Се вчитува...