ТФТ и Пелистер со меѓусебен дуел ја започнуваат битката за АБА

Новата сезона во АБА2 лигата започнува денеска во Златибор каде македонските претставници ТФТ и Пелистер ќе си ги одмерат силите во меѓусебен натпревар од 21 часот. Скопјани дебитираат во регионалното првенство, додека битолчани со минатогодишното искуство ќе целат на подобро претставување.

Овие два тима во последните сезони одиграа неколку неверојатни натпревари на домашната сцена во кои битолчани водат со вкупни 4-3, но последниот триумф им припадна на „црно-белите“.

Ќе биде интересно да ја проследиме денешната средба и како ќе се одвива битката на бековската линија. За ТФТ првиот натпревар ќе го одиграат Бишоп и МекБрејер, а оваа позиција останува проблем за Пелситер кој остана без големото засилување Доналдсон во првото коло од домашното првенство.

По овој меч македонските претставници ќе одиграат уште еден натпревар во првиот „балон“ на регионалното првенство во кој ТФТ силите ќе си ги одмери со Сутјеска, а Пелистер со Шенчур во среда.

Се вчитува...