Олимпискиот шампион Шабан Трстена со поддршка за Милевски и репрезентативците пред тестот со Саудиска Арабија (ФОТО)

Една од најголемите македонски спортски легенди, олимпискиот шампион Шабан Трстена денеска на собирот на македонската фудбалска репрезентација со поддршка за селекторот Боби Милевски и репрезентативците пред гостувањето во Саудиска Арабија.

Македонската репрезентација, главно составена од домашни фудбалери а дополнета и со тројца интернационалци, на 22. октомври ја очекува пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија во Абу Даби, во насока на кроење на тимот и за следниот квалификациски циклус за ЕП 2024.

Трстена ги посети репрезентативците на првата средба, посакувајќи им среќа на престојните пријателски натпревари во октомври со Саудиска Арабија, и потоа во ноември со Финска и со Азербејџан.

„Секогаш сум тука како поддршка за нашите најдобри спортисти. Селекторот Милевски и фудбалската репрезентација многу не радуваа оваа година со пласманот во баражот и игрите против Италија и Португалија. Сега ги очекува нов квалификациски циклус за ЕП 2024, а пред овие пријателски натпревари посакав да искажам отворена поддршка за сите резултати на фудбалерите изминативе години и за се што промовираат како спортска вредност Милевски и неговите избраници“ – истакна Трстена на средбата со македонскиот селектор пред денешниот тренинг кој го означи собирот пред дуелот со Саудиска Арабија.

Репрезентацијата утре во попладневните часови патува за Саудиска Арабија каде на 22. октомври ги очекува пријателската пресметка во Абу Даби.

Се вчитува...