Кошаркарите на Струмица загубија на гостувањето против Кожув во Гевгелија со 88-86 во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Меѓутоа натпреварот го одбележа драматичната завршница, во која Стаменковиќ постигна тројка во последната секунда за победа по која стартуваше огромна радост на гостите. Но, по неколкуминутното прегледување на снимките, судиите одлучија дека тројката е постигната по истекот на времето, па победата остана за Кожув.
Сепак, по деталното анализирање на последниот напад со своја реакција од КК Струмица кои нагласуваат дека тројката на Стаменковиќ е во регуларниот временски рок на нападот…
„По прегледувањето на снимката од спорните моменти, утврдивме дека Кошаркарскиот клуб Струмица е оштетен и одземена ни е чиста победа. Кожув го почна својот последен напад на 28,4 секунди пред крајот, а го заврши на 8,4 секунди. Не знаеме од кои причини, времето подоцна е поместено на 7,8 секунди. Од снимката во прилог, каде времето се мери со стоперка, нашиот последен напад трае 7,3 секунди пред Стаменковиќ да ја исфрли топката од рака. Дека кошот треба да важи, освен звукот на сирената што се слуша по шутот на нашиот играч, најдобар доказ е реакцијата на играчите на Кожув кои веќе се помирија дека го загубиле натпреварот и со рацете на глава ја очекуваа конечната ‘пресуда’. Жалбата е поднесена и уплатена такса за неа веднаш по натпреварот и очекуваме конечна одлука од Кошаркарската федерација“ – се вели во реакцијата од КК Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

