Францускиот Франс Фудбал го избран Гсави од Барселона за најдобар млад фудбалер под 21 година.
Младиот талент од Каталонија го понесе елитното признание за најдобар млад играч во сезоната 2021/22.
На овој начин Шпанецот така влезе во друштво на Килијан Мбапе, Матијс де Лихт и Педри, кои низ претходните години ја понесоа оваа награда.
За престижното признание кое го носи името „Рејмонд Копа“, Гави ги победи Џуд Белингем, Нуно Мендеш, Букајо Сака и Карем Адејеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА