Потег кој ги збуни сите: Македонскиот фудбалер со нова техника на изведување аут (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута, ги збуни сите со изведување на аут за настап за вториот тим на Валеренга. Жута при еден аут, буквално клекна и го изведе истиот, при што наиде на збунетост и кај играчите, но и кај судиите.

Судиите, пак, најпрво покажаа играта да продолжи, но по реакција на еден од арбитрите, ја прекина играта и додели аут за противникот. Правилото вели дека секој играч мора да биде исправен при изведување на аутот.

Жута го немаше за првиот тим на Валеренга против Бодо Глимт изминатиот викенд.

Се вчитува...