Стартува 77. НБА сезона – Дали Вориорс ќе ја одбранат титулата?

Со натпреварите Бостон Селтикс – Филаделфија 76 и Голден Стејт Вориорс – Лос Анџелес Лејкерс вечерва ќе стартува 77. НБА сезона.

Вориорс ја брани титулата од минатата сезона која ја освои на убедлив начин. Избраниците на Стив Кер и сезонава се меѓу фаворитите во Западната конференција за ново финале, а друштво им праат ЛА Клиперс кои годинава ќе може да сметаат на Кавај Ленард кој поради повреда не беше во тимот целата мината. Се очекува повторно во врвот на Западот да бидат и Феникс Санс, Далас Маверикс, Денвер Нагетс и Мемфис Гризлис, а меѓу фаворитите сезонава е и Минесота Тимбервулвс која заврши добра работа во „оф-сезоната“. Никој не знае што да очекува од ЛА Лејкерс, а вечерашниот меч против шампионот ќе биде вистински тест за Леброн Џејмс и „компанија“.

На истокот како прв фаворит влегува Милвоки Бакс кој е предводен од двократниот МВП, Јанис Адетокумбо, а како главни ривали на тимот од Висконсин ќе бидат, Филаделфија 76, Бостон Селтикс како и Мајами Хит.

Се вчитува...