Зак Браун, првиот човек на Мекларен, повика на строго почитување на правилата за буџетите на тимовите во Формула 1.
Во писмото упатено до Светската автомобилска федерација (ФИА), Браун жестоко ја критикуваше организацијата дека лесно се однесува околу прекршувањата на буџетот на Ред Бул и само симболично ги казнува.
„Мислам дека на овој начин испративме порака дека мамењето може да се легализира. Има правила и потоа се појавува некој што ги прекршува и практично останува неказнето. Тоа е линија која не смее да се помине, а некои ја поминале. Казната мораше да биде драстична“, рече Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА