Шведскиот репрезентативен голгетер Александер Исак ќе мора да го пропушти претстојниот мундијал во Катар по обновувањето на повредата на мускулот. „Црно-белите“ летово платија 70 милиони евра за да го доведат Исак од Реал Сосиедад, тој дебитираше со гол на гостувањето против Ливерпул, но потоа следеа проблемите со повредите.
Тој се пожали на болка на мускулот при настап за шведската репрезентација, а рехабилитацијата се искомпликува откако Исак ја обнови истата повреда, па сега го очекува пауза од околу два месеци од терените.
„Не верувам дека Исак ќе може да се врати пред почетокот на СП или пак да игра на светскиот шампионат. Пак се повреди на истото место, што е фрустрирачки бидејќи добро се аклиматизираше во клубот, се адаптираше на стилот на игра во Премиер-лигата, а сега ќе мора подолго време да биде надвор од терените“, изјави менаџерот на Њукасл, Еди Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА