Ливерпул скапо ја плати победата над Манчестер Сити откако беше утврдено дека повредата што ја заработи Диого Жота во второто полувреме од големото дерби е сериозна. По првичните лекарски прегледи веќе е јасно дека Португалецот го очекува пауза од најмалку два месеци, што значи дека тој дефинитивно ќе го пропушти и СП 2022 во Катар.
Ова на денешната прес-конференција пред мечот со Вест хем го потврди и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„За жал, тоа е лоша вест. Жота има повреда на мускулот, и тоа прилично сериозна. Ќе отсуствува подолго, што значидека нема да игра ниту на мундијалот. Искрено жалам за ова момче, кое со нетрпение го очекуваше шампионатот во Катар“, изјави Клоп.
Ова е вториот голем удар за нападот на „црвените“ по повредата на Луис Дијаз, кој нема да може да се врати на терените до крајот на 2022 година.
After such a good night at Anfield mine ended in the worst way ! In the last minute one of my dreams collapsed 💔
I will be one more supporting from the outside, club and country, and fighting to be back as soon as possible 🙏
You’ll Never Walk Alone pic.twitter.com/gKssZSnLZ1— Diogo Jota (@DiogoJota18) October 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА