Шпанските медиуми веќе го „сменија“ тренерот на Барселона, Чави. Новинарите на големо пишуваат дека незадоволството во Барса кулминирало после ремито со Интер, и веројатната елиминација на тимот од Лигата на шампионите, како и после поразот на „Ел Класико“.
Медиумите дури и му најдоа негова замена, а се споменува враќање на Луис Енрике на клупата на Барселона, како негова замена.
Сепак, после овие најави се огласија и од Барселона. Поточно потпретседателот на клубот, Рафа Јусте кој најави дека има целосна доверба во сегашниот тренер и му изразија поддршка.
„Има доволно оптимизам во тимот. Нема никакви проблеми во соблекувалната, и имаме целосна доверба во Чави“, изјави Јусте.
Следниот меч на Барселона е против Вилјареал на 20. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

