Сефер Емини со гол за Сондерјиске во данскиот Куп

Македонскиот интернационалец Сефер Емини, со гол ја најави победата на Сондерјиске во Купот на Данска. Неговиот им на крајот славеше триумф од 1-4 против Коге, а Македонецот го постигна првиот погодок за својот тим.

Емини погоди во 17. минута, а потоа заработи и жолт картон. На полувремето неговиот тим имаше водство од 0-3. Коге, предводен од легендата Даниел Агер, намали на 1-3, за во 85. минута од пенал бидат поставени конечните 1-4. Емини излезе од игра во 64. минута.

Инаку за данскиот Коге во вториот дел влезе Еркан Семовски, играч со македонско потекло.

Се вчитува...