Карим Бензема прогласен за најдобар играч и ја освои „Златната топка“, Тибо Куртоа крунисан за најдобар голман, а тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е целосно задоволен од овој избор.
Тој кажа дека и натаму не ги разбира критерумите како се добива ова признание, но рече дека е горд на тоа што неколку играчи се најдоа во најтесниот избор, а Бензема на крајот ја освои наградата. Тој е незадоволен од фактот што Манчестер Сити и Ливерпул се најдоа пред Реал во изборот за најдобри клубови.
„Горд сум на успесите на своите играчи. Многу ме радува што Карим успеа да ја освои Златната топка. Горд сум и на успесите на Куртоа, Модриќ и Винициус, но факт е дека во Реал постои се што е потребно за успех: традиција, квалитет, атмосфера. Сепак, не ги разбирам критерумите за гласањето на клупско ниво. Мислам дека тоа не дава реална слика. Ги ценам наградите, но ние сме екипа која освои ЛШ и првенство“, рече Анчелоти.
Италијанецот додаде дека е изненаден што меѓу првите 30 не се најдоа Крос, Валверде, Милитао или Алаба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

