Слабиот почеток на првенството на Шалке продолжува и во германскиот Куп. Денеска тимот од Гелзенкирхен загуби со убедливи 5-1 од Хофенхајм и така беше елиминиран од понатамошното натпреварување. Овој пораз на Шалке доаѓа после убедливата загуба на „сините“ минатото коло од Леверкузен со 4-0.
Дабур со два гола, Анхелињо и екс играчот на Шалке, Кабак и Кадерабек, му пресудија на тимот од Гелзенкирхен кој успеа да постигне почесен гол преку Дрекслер.
Изненадувањето на денот е Дармштад кој успеа да го елиминира тимот на Борусија Менхенгладбах со 2-1. Второлигашот имаше водство по првиот дел со голот на Тиец, а Нец донесе 1-1. Сејдел во 79. минута го лансираше Дармштад во следната фаза.
Во 1/8 финалето од германскиот Куп оди тимот на Волфсбург кој го победи Брајншвајг со 1-2, а Бохум беше подобар од Елверсберг на гости и се пласираше меѓу најдобрите 16.
Претходно во следната фаза се пласираа Мајнц, Нирнберг, Лајпциг и Ајнтрајхт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

