Играчот од средниот ред на Челси и на француската репрезентација Нголо Канте, дефинитивно ќе го пропушти Мундијалот во Катар поради повреда. Фудбалерот вчера беше опериран поради повреда на тетивата, и се очекува да паузира четири месеци.
Канте со тоа нема веќе никаква надеж дека ќе настапува за „триколорите“ на престојниот Мундијал, кој ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.
Играчот од средниот ред оваа сезона играше само два меча во Премиерлигата, и го немаше поради повреди. Нема играно натпревари од 14 август, и во миговите кога се очекуваше да се врати, стигнаа шокантните вести.
Тој е само еден од многуте кои се повредија во последните денови и нема да учествуваат на Мундијалот. Викендов сонот за СП во Катар заврши и за Диого Жота од Ливерпул, а претходно поради повреди е јасно дека СП ќе го пропуштат и Пауло Дибала, Рис Џејмс, Роналд Араухо, Раул Хименез, Александар Исак. Исто така под голем знак прашалник се и Марко Ројз и Лерој Сане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА