Шок за Лацио: Имобиле се враќа дури во 2023 година

Лацио ќе биде сериозно ослабен во наредниот период откако беше обелоденето дека повредата што Чиро Имобиле ја заработи на последниот меч со Удинезе.

Италијанскиот репрезентативец се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет уште во првото полувреме, напуштајќи го теренот со солзи во очите. Лекарските прегледи само ги потврдија лошите прогнози, станува збор за кинење на мускулот поради кое ќе биде неопходно подолго мирување. Во таборот на Лацио се свесни дека Имобиле нема да може да се врати до крајот на годинава, но се надеваат дека со вистинска терапија тој ќе може да му биде на располагање на тренерот Сари на почетокот од 2023 година.

Чиро Имобиле сезонава има постигнато шест гола за „лацијалите“ во Калчо-лигата, со што е најдобар стрелец во Серија А заедно со Влаховиќ од Јувентус и со Арнаутовиќ од Болоња.

Лацио моментно се наоѓа на петтото место во Серија А со 21 бод, пет помалку од лидерот Наполи.

Се вчитува...