АБА2: ТФТ првата победа ја бара против Сутјеска, Пелистер за „два од два“ против Шенчур

Натпреварите на македонските екипи во АБА2 лигата продолжуваат денеска во последниот ден од првиот „балон“ на регионалното натпреварување. Во него ТФТ првата победа во првенството ќе ја бара против Сутјеска од 18 часот, а од 21 часот Пелситер ќе се обиде да стигне до перфектен скор против Шенчур.

Дебито на освојувачот на Купот на Македонија за 2022 година донесе лош натпревар против битолските „зелено-бели“ па избраниците на Боро Смилковски денеска ќе мораат да бидат на врв на својата задача за победа против црногорскиот тим забележа победа во првиот меч на Златибор.

Пелистер одигра комплетен натпревар против ТФТ на отварањето на новата сезона, а високите играчи Хаџифејзовиќ и Мустафица беа енигма за „црно-белите“. Босанските интернационалци повторно ќе бидат во фокусот на денешната средба против словенскиот состав кој ќе бара рехабилитација по поразот од Хелиос.

 

Се вчитува...