Тен Хаг со совет до фудбалерите на Јунајтед – Не размислувајте за нови договори!

Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед, проговори за играта на неговите фудбалери, па потенцираше дека во овие моменти тие воопшто не треба да размислуваат за нови договори.

Холанѓанецот со оваа изјава алудураше на актуелните договори на Кристијано Роналдо, Давид де Хеа и Маркус Рашфорд.

„Во овој момент од сезоната треба да размислуваме само за нашите перформанси бидејќи ни претстојат многу натпревари на неколку фронтови. И не е време за разговор. Ако сакаме разговорите потоа да бидат убави и навистина интересни, мораме да размислуваме за сопствениот настап – индивидуално и за тимот. Во моментов нема за што да преговараме“, изјави Тен Хаг.

Менаџерот одговори и на прашањето дали со ваквиот пристап клубот дополнително ќе ги стави под стрес фудбалерите кои немаат нови догвори, бидејќи е логично во моментов да размислуваат за својата иднина.

„Некои играчи се мотивираат кога играат за нов договор, ако така мислите. Но, тоа не е баш во ред. Играме онака како што можеме, играме за културата на фудбалот. Секако, играчите од највисоката класа мора да бидат навистина мотивирани. Токму таквите играчи брзо се адаптираат во тимот“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Вечерва Манчестер Јунајтед му гостува на Тотенхем во натпревар од ова коло во Премиер-лигата.

Се вчитува...