Македонија ЃП лесно го мина Прилеп и се пласираше во 1/4 финалето на Купот

Македонија ЃП е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија. „Лавовите“ денеска со 0-2 го совладаа составот на Победа во Прилеп, и така остануваат во игра за одбрана на Куп пехарот освоен минатата сезона.

Стрелци на головите за тимот од Ѓорче Петров беа Скендери уште во 5. минута, и Адем во 24. минута. Прилепчани не успеаја да се опорават после овие два примени гола, а Македонија ЃП лесно го приведе натпреварот до крајот.

Претходно во 1/4 финалето се пласираа екипите на Струга ТЛ, Брегалница, Вардар, Академија Пандев, Шкупи, Шкендија и Силекс.

Се вчитува...