Фудбалската репрезентација на Македонија е во Абу Даби каде ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Саудиска Арабија.
Репрезентацијата составена од играчи кои настапуваат во Првата македонска фудбалска лига веќе одработи тренинг во Обединетите Арапски Емирати.
Напаѓачот на Шкендија, Влатко Стојановски вели дека очекува квалитетен натпревар во кој сите тие што се повикани ќе го дадат максимумот.
„Ова е еден тест натпревар како за нас така и за нив. Мислам дека се работи за квалитетен тим кој ќе игра на Светското првенство. Очекувам еден квалитетен натпревар, мислам дека сите играчи ќе го дадат својот максимум за да му докажат на селекторот дека може да смета на некои имиња од овој тим и во следните натпревари“, изјави Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА