Фудбалската репрезентација на Македонија е во Абу Даби каде ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Саудиска Арабија.
Репрезентацијата составена од играчи кои настапуваат во Првата македонска фудбалска лига веќе одработи тренинг во Обединетите Арапски Емирати.
Младиот фудбалер на Работнички, Методи Максимов вели дека очекува квалитетен натпревар во кој сите тие што се повикани ќе го дадат максимумот.
„Ги стартувавме подготовките во Абу Даби, фокусот е кон Саудиска Арабија, силна репрезентација која ќе биде силен тест за нас. Сакаме да покажеме дека вредиме и дека селекторот може да смета и на нас. Се надевам дека работите ќе одат според нашиот план“, изјави Максимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА