Нов гол на Илиевски, Кишварда во осминафиналето во купот на Унгарија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски и продолжува со одличните настапи во унгарската Кишварда.

Кишварда како гостин го победи Мосонмаѓаровари со 3-0, а Илиевски беше стрелец на последниот гол на мечот кој го даде во 62. минута. За младиот македонски напаѓач ова е втор гол сезонава, откако еднаш стрелаше и во првенството.

Се вчитува...