Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Абердин направија одличен резултат откако се пласираа во полуфиналето во шкотскиот Лига куп. Абердин во четвртфиналето без проблеми славеше над нисколигашот Патрик Тистл со 4-1.
Миовски се најде во стартниот состав на својот тим и иако не постигна гол одигра солиден натпревар. Откако по првото полувреме домаќините имаа предност со 3-1 тренерот на Абердин реши да го одмори Македонецот во второто полувреме.
Во полуфиналето Абердин ќе се сретне со шкотскиот великан Селтик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

