Манчестер јунајтед на убедлив начин славеше со 2-0 на домашен терен против Тотенхем во дерби натпреварот од 11. коло во новата сезона во англиската Премиер-лига.
„Црвените-ѓаволи“ иако доминираа во првото полувреме, промашија многу сто отстотни шанси, па затоа по првите 45. минута мируваа мрежите и на пауза се замина со почетнот резултат (0-0).
На стартот на второто полувреме Фред малку на среќен начин во 47. минута донесе водство за домаќините од 1-0. На 2-0 зголеми Бруно Фернандеш во 67. минута, а истиот фудбалер ја затресе мрежата на Иго Љорис и во 81. минута, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.
Manchester United 2 – 0 Tottenham – Bruno Fernandes disallowed goal (offside) 81′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА