Роналдо направи скандал… Тен Хаг: Утре ќе го решиме, ајде сега да славиме

Манчестер Јунајтед одигра уште еден одличен дерби-дуел и го совлада Тотенхем со 2-0, но наместо фокусот да биде на беспрекорното издание на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо повторно го привлече вниманието врз себе поради своето непрофесионално однесување. Тен Хаг по само еден меч реши да го врати Роналдо на клупата, а откако тој не беше стартер, ниту пак доби шанса во второто полувреме, Кристијано реши да се упати кон соблекувалните додека мечот се уште траеше.

Дел од навивачите беа шокирани од односот на најголемата „ѕвезда“ на тимот, но Тен Хаг уште еднаш демонстрираше дека најважно му е тимот да победува и изборот на играчи ќе го прави само за остварување на таа цел, без разлика колку незадоволни фудбалери ќе има.

„Не сакам да зборувам денеска за Роналдо. Денеска ја славиме оваа голема победа, утре ќе ја решиме таа работа“, изјави Тен Хаг по синоќешниот триумф.

Се очекува Португалецот да биде санкциниран поради непрофесионален однос, а целиот скандал само уште повеќе ќе го забрза процесот на негово заминување од „Олд Трафорд“. Роналдо има договор до крајот на сезонава, но нема сомнеж дека ќе инсистира на трансфер уште во јануари.

Се вчитува...