Манчестер Јунајтед славеше во дерби натпреварот против Тотенхем, но победата на „црвените ѓаволи“ остана во сенка на Кристијано Роналдо кој со недоличното однесување повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Португалецот не доби шанса меѓу првите единаесетмина, а не го ни проследи крајот на мечот од клупата за резерви.
Триесетиседунгодишниот ас замина во соблекувалната додека мечот сеуште траеше, а како што пренесуваат англиските медиуми тој не прославил со своите соиграчи и заминал порано од стадионот. Овој потег жестото го критикуваа двете легедни на англискиот фудбал, Дион Даблин и Тим Шервуд.
„Јас да сум тренер на Манчестер Јунајтед ќе го задавев! Неговото однесување е неприфатливо. Многу го почитувам за се што направи низ кариерата, но треба да останеш и да ги испочитуваш соиграчите“, вели Даблин, а продолжува Шервуд:
„Шокантно. Роналдо покажа дека воопшто не го почитува тренерот. Бесен е. Јас го сакам Роналдо и неговата игра, но не смее да прави вакви скандали“.
hi 😰😰😰💔💔💔pic.twitter.com/LfmoW8wyuB
— Fast GøaIs. (@iF29s) October 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА