Нов удар за Милан: Мењон ја обнови повредата и ќе отсуствува до крајот на годината!

Тимот на Милан го следат низа на „малери“ од повреди. Најдобриот голман на шампионот на Италија, Мајк Мењон е надвор од комбинација од почетокот на месецов, а веројатно повеќе нема да брани на клупски план до крајот на годината.

Лекарскиот тим првично најави „кам-бек“ на Мењон против Монца овој викенд, но на вчерашниот тренинг заработил нова мускулна повреда на десната нога. Состојбата на голманот ќе биде пак проверена за десетина дена, меѓутоа првичните проценки се лоши. Анализите велат дела Милан ќе биде без голманот во наредните неколку седмици, а тоа значи дека за Мењон е завршена годината на клупски план.

Сè уште постојат шанси тој да се опорави за Светското првентсво и да биде во комбинација за Франција, што е светла точка за „триколорите“. Сепак, Милан во клучниот период од групната фаза на Лигата на шампионите ќе мора да се потпре на Циприан Татарушану, а се очекува веќе во јануари да се бара нов втор голман за иднината.

Се вчитува...