Баерн и Борусија не се за „заживување“ на Суперлигата

Само еден ден откако е објавено дека постои можност за одново покренување на Суперлигата, и дека директорот на компанијата „А22 Спортс Менаџмент“ Бернд Рајхард ќе ги обнови разговорите со челниците на големите европски клубови, од Германија стигнаа негативни сигнали.

Се чини дека елитните клубови од Бундеслигата не сакаат да се приклучат на овој проект, за кој Рајхард тврди дека би можел да почне уште од сезоната 2024/2025.

Негова задача ќе биде не само да ги убеди клубовите во Германија, туку и оние во Англија. Сепак, што се однесува до Германија, тоа ќе оди тешко, со оглед дека челниците на Борусија Дортмунд и на Баерн Минхен се изјаснија дека нема да бидат дел од Суперлигата.

„Обидите да се основа Суперлигата е мизорно и пропадна пред 1,5 година. Од тогаш бевме јасни со нашата позиција“, рече Оливер Кан.

И првиот човек на „милионерите“ е на ист став…

„Лигата на шампионите има одличен формат, особено од 2024 година. Мислам дека сме во добри раце кога станува збор за УЕФА, затоа што тие водат сметка и за малите клубови“, изјави Ханс-Јоаким Вацке.

Се вчитува...