Дончиќ по испуштената предност од 22 поени: Не смееме да си дозволиме ваков натпревар

Новата сезона во НБА лигата за Далас и Лука Дончиќ започна со испуштење на предност од 22 поени за пораз во натпреварот против Феникс. Тимот од Тексас одигра одлично прво полувреме, но прерано се опушти па на крајот загуби во неизвесна завршиница, а Дончиќ кој беше одличен на теренот со 35 поени, 9 скока и 6 асистенции промаши шут за победа.

По крајот на натпреварот Словенецот не го криеше незадоволството од поразот велејќи дека во иднина не смеат да се дозволуваат вакви пропусти доколку сакаат успешна сезона.

„Се опуштивме и на крајот испуштивме голема предност. Ако сакаме да имаме добра сезона не смееме да си дозволиме ваков натпревар. Имавме одлично прво полувреме во кое примивме само 45 поени, а потоа по 31 поен во третата и четвртата четвртина. Не смееме да се опуштаме. Мораме да „гриземе“ до крај без разлика на резултатот. Знам дека е прв натпревар и имаме нови момци во тимот. Има уште 81 натпревари и ќе бидеме подобри, но мора да работиме. Знаеме како да стигнеме до предност, но мора да научиме и како да ја задржиме“, вели Дончиќ.

Се вчитува...