Стравот од Суперлига го прекинува фудбалот во Шпанија?

Идејата за формирање на Суперлигата во која ќе се натпреваруваат гигантите од „стартиот континент“ е жива и повторно зема голем замав. Истата денеска ја одбија германските тимови, но темата е се поактуелна во Шпанија каде вчера на социјалните медиуми Барселона сподели видео од новиот раководител на компанијата „А22 Спортс Менаџмент“, Бернд Рајхард во кое ја објаснува визијата.

Покрај тоа, неодамна Владата во Шпанија усвои Закон за спорт кој содржи серија амандмани каде што им се дозволува на екипите да играат во домашното првенство, но и во натпреварувања какво што би била Суперлигата, а целокупната ситуција беше повод првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас да се закани со бојкот и стопирање на натпреварувањето доколку не се промени донесениот закон.

Голема е веројатноста дека натпревари во Ла Лига оваа недела нема да има со оглед на тоа што крајниот рок за поништување на законот е до вечерва.

Се вчитува...