Не му е прв пат: Роналдо добро знае како се напушта терен пред време

Кристијано Роналдо продолжува да биде во центарот на вниманието откако во вчерашниот натпревар против Тотенхем демонстративно го напушти „Олд Трафорд“ пред крајот на средбата откако не доби шанса да влезе во игра. Португалскиот ас наиде на остри критики за односот, но ова не е прв пат да се најде во иста ситуацијата.

Роналдо демонстративно го напушташе теренот и кога беше дел од Јувентус. Во ноември 2019 година на натпреварот против Милан тој беше заменет од Маурицио Сари во 55. минута од мечот и три минути пред крајот замина во соблекувалната, а го направи истото и на средбата против Интер во мај 2021 година.

Незадоволството за минутажата која ја добива во Манчестер Јунајтед доаѓа по неуспешните преговори за заминување од „Олд Трафорд“ изминатото лето. Тогаш Португалецот беше поврзуван со премин во Челси, Наполи, Баерн Минхен…, но не реализираше трансфер. Голема е веројатноста истото да го направи оваа зима со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Се вчитува...