Стигна казната: Роналдо од дома ќе го гледа дербито против Челси

Манчестер Јунајтед не се смилува на Кристијано Роналдо по демостративното напуштање на теренот на вчерашниот натпревар против Тотенхем и го казни незадоволниот Португалец за мечот со Челси. Тој нема да патува со тимот во Лондон за дерби средбата која ќе биде одиграна во сабота и ќе ја проследи истата од дома.

Незадоволен од недобиената шанса, Роналдо замина во соблекувалната пред самиот финиш на средбата, а медиумите во Англија тврдеа дека не ја ни прославил победата со тимот, туку заминал од „Олд Трафорд“. Дали казната ќе остане само за овој натпревар или пак незадоволството ќе го седне на троседот до зимскиот преоден рок останува да видиме.

Се вчитува...