Квича Кварацкелија блесна во дресот на Наполи со седум гола и осум асистенции на 14 одиграни средби за неаполитанците и со тоа го примами интересот на европските великани. За неговите услуги заинтересиран е Манчестер Сити каде на Грузиецот се гледа како клучен играч во сезоните кои следат, а и покрај тоа што „граѓаните“ ќе се обидат да го ангажираат 21-годишникот нема да биде лесно да стигнат до неговиот потпис.
Гласините денеска ги отфрли претседателот на Наполи, Кристијан Гинтоли кој кратко и јасно изјави дека нема намера да го продаде играчот за кој плати 11 милиони евра изминатото лето.
„Тоа е лага. Немаме намера да го продадеме Кварацкелија“.
Сепак останува да видиме дали и колку време Наполи ќе одолее на богатите понуди на „граѓаните“. Во минатото сличен беше и случајот за Калиду Кулибали кој сепак заврши во редовите на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА