Лестер славеше против Лидс во „фенерџискиот натпревар“

„Фенерџискиот натпревар“ помеѓу Лестер и Лидс во 12. коло од Премиерлигата заврши со победа на „лисиците“ од 2-0. До само втората победа во сезоната домаќините стигнаа благодарение на автоголот на Коч во 16. и голот на Барнс во 36. минута.

Ова е втора победа за Лестер во последните пет натпревари, додека агонијата на Лидс кој не знае за победа во последните шест средби продолжува понатаму. Сега овие два тим се наоѓаат на само бод заостанување еден од друг на местата кои водат во релегација. Лестер има осум, а Лидс девет освоени бода.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...