Урнебесна реклама со Златан Ибрахимовиќ: Не е лошо, за човек на твои години (видео)

Златан Ибрахимовиќ се уште се рехабилитира од незгодната повреда од коленото, Швеѓанецот не е ниту блиску до камбек на терените, а дел од слободното време го искористи за снимање на реклама за компанија „H&M”.

Во рекламата покрај Златан се појавува уште и актерката Џејн Фонда, по чии совети Ибракадабра почнува со утринско вежбање.

„Не е лошо, за човек на твои години“, му порачува Фонда на фудбалерот на Милан, откако тој се обидува да се направи важен со една интересна вежба…

Погледнете ја рекламата…

Се вчитува...