Гави е „Златно момче“ за 2022 година

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Гави го доби признанието „Златно момче“ за 2022 година кое што го доделува реноминираниот италијански весник „Тутоспорт“.

По добивањето на наградата за најдобар млад фудбалер според „Франс фудбал“, младиот Каталонец го освои и најважното признание кога се во прашање младите фудбалери. За признанието Гави ги победи Белингем и Мусиала кои му беа најголеми конкуренти.

Гави е трет фудбалер на Барселона кој стигна до ова признание. Претходно тоа им припадна на Педри минатата година, како на Лионел Меси во 2005 година.

 

Се вчитува...