Тен Хаг потврди: Роналдо одби да влезе како замена против Тотенхем

Кристијано Роналдо ја одбил можноста да влезе како резерва во 87. минута на дуелот со Тотенхем, а веднаш потоа го напушти стадионот разочаран од одлуката да се најде на клупата.

Ова го потврди и тренерот Ерик Тен Хаг кој на прашањето дали е вистина дека Роналдо одбил да влезе како замена, одговорил со кратко „Да“.

Вчера Јунајтед го суспендираше Роналдо и тој нема да биде во комбинација за следниот натпревар против Челси поради однесувањето на дуелот со Тотенхем. Исто така беше суспендиран и од тренинг со првиот тим, па денеска требаше да тренира со младинскиот тим, но на крајот тренирал индивидуално.

Се вчитува...