Халеп суспендирана поради допинг: Порано или подоцна, вистината ќе излезе на виделино…

Една од најдобрите светски тенисерки, Симона Халеп, заработи суспензија откако беше обелоденето дека романската тенисерка била позитивна на допинг-тестирањето за време на УС Опен.

Романката стана првата тенисерка од Топ 10 од ВТА-листата која е дел од допинг-скандал откако тоа беше случај со Марија Шараповаво 2016 година. По завршувањето на истрагата ќе биде изречена казната и ќе биде одлучено кога Халеп ќе може да се врати на терените, но романската тенисерка веднаш стави до знаење дека не сторила ништо лошо и во наредниот период ќе се бори храбро за да ја избрише оваа дамја од своето име.

„Денеска почнува најтешкиот меч во мојот живот, борбата за вистината. Ме известија дека сум била позитивна на супстанца наречена Роксадустат, во многу мало количевство, што е најголем шок во мојот жив. Низ целата кариера ниту еднаш не сум помислила на мамење и на подобрување на резултатите преку допинг, тоа е нешто што се коси со сите мои животни начела. Ќе се борам до крај за да докажам дека свесно не сум земала забранеета супстанца. Верувам дека вистината ќе излезе на виделина, порано или подоцна. Ова не е приказна за титули и за пари, туку за чест и за љубовта кон тенисот“, објави Симона Халеп.

Се вчитува...