Младата женска репрезентација на Македонија за фудбалерки до 17 години забележа уште една многу значајна победа во рамките на квалификацискиот турнир што се одржува во Драч, Албанија.
Во второто коло на квалификацискиот турнир, Македонија славеше минимална победа против Косово со 2-1.
Избраничките на Катерина Милеска имаа негатива од еден погодок, но успеаја да направат комплетен пресврт и да остварат победа, со која се искачивме на првото место во групата.
Во првото коло ја совладавме селекцијата на Албанија, домаќинот на овој турнир со убедливи 5-2.
Селекцијата на Косово одлично го започната натпреварот. Паци рано уште во 7. минута донесе предност за својот тим. Митковска најпрво во 35. минута погоди за израмнување на резултатот, а во 45. минута стрелаше за предност и победа на Македонија со 2-1.
На 24. октомври во последното коло девојките играат против репрезентацијата на Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА