Најдобрите десет гола на „пензионерот“ Рибери за Баерн Минхен – видео за уживање

Франк Рибери денеска и официјално објави дека става крај на својата фудбалска кариера, откако од лекарите добил јасна препорака дека ризикот од тешка повреда е преголем.

Негов последен клуб беше италијанска Салернитана, но Рибери најубавите моменти ги мина во Баерн Минхен, тим со кој стигна до бројни трофеи формирајќи извонредно партнерство со Арјен Робен.

Токму затоа, Баерн Минхен денеска објави и видео од најдобрите десет погодоци што Французинот ги постигна во дресот на баварскиот гигант. Погледнете и уживајте…

Се вчитува...