Нов договор: Арсенал го чува тимот што победува

Арсенал извонредно ја стартуваше новата сезона во Премиер-лигата, па не е никакво изненадување што директорот Еду и менаџерот Микел Артета работат напорно на потпишување на нови договори со најстандардните фудбалери.

Бразилецот Габриел денеска и официјално го стави својот потпис на новиот долгорочен договор со „топчиите“, со што 24-годишниот дефанзивец осигура дека уште долго ќе го носи дресот на лондонскиот клуб. Тој пристигна од редовите на Лил во 2020 година и се наметна како еден од клучните играчи во одбранбената линија кај менаџерот Артета, кој не го криеше задоволството што Габриел потпиша нов договор со клубот.

„Габриел покажа огромен квалитет откако дојде во Арсенал. Тој е млад играч со беспрекорна работна етика, а неговите одлични настапи се важни за нашите резултати во овие две години, изгради одлични односи со сите во клубот и секако дека сме пресреќни што уште долго ќе го носи дресот на Арсенал“, изјави Артета.

Се вчитува...