На „Супер Миовски“ му беа потребни само четири минути за да го постигне голот на сезоната во Шкотска! (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски продолжува со одличните партии во шкотското првенство сезонава. На денешниот натпревар на неговиот Абердин на гостувањето кај Мотервил на македонскиот репрезентативец му беа потребни само четири минути да се запише во листата на стрелците.

Миовски на одличен начин во 4. минута донесе водство за својот тим од 0-1. Иако домаќините се жалеа дека нашиот фудбалер е во офсајд сепак по проверка со ВАР голот беше признат.

За потсетување Македонецот досега е втор најдобар стрелец во Шкотска со осум постигнати гола по 11. одиграни кола, а овој статистички податок може да го подобри до крајот на денешниот меч.

 

 

Се вчитува...