Дин Хендерсон со среден прст ги поздрави навивачите на Ливерпул (ВИДЕО)

Нотингем Форест стигна до сензационална победа вчера против Ливерпул на домашен терен од 1-0 во премиерниот натпревар од 12. рунда во новата сезона во англиската Премиер-лига.

Најзаслужен за победата на домаќините беше голманот Дин Хендерсон кој беше неверојатен на голот на својот тим. Тој по мечот имаше мал испад откако ги поздрави навивачите на Ливерпул покажувајќи им среден прст.

Хендерсон нема многу љубов кон овој клуб бидејќи тој потекна од школата на Манчестер јунајтед, а тоа е тимот за кој навива уште од детството.

 

 

Се вчитува...