Барди и Трабзон до тешка победа над Сиваспор

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Енис Барди и неговиот Трабзонспор стигнаа до тежок триумф на домашен терен против Сиваспор од 1-0 во натпревар од 11. коло во турската суперлига.

Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 9. минута кога Марек Хамшик постигна погодок за 1-0 кој на крајот ќе се покаже како доволен за триумф на домашниот тим. Барди натпреварот го почна од клупата за резерви, а влезе во игра токму на место на стрелецот на голот во 74. минута.

Со овој триумф Трабзон се израмни на врвот на табелата со 21 бод со Адана која има и натпревар помалку.

Trabzonspor [1] – 0 Sivasspor – M.Hamsik 10'
by insoccer


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...