Репрезентацијата на Македонија главно составена од фудбалери од прволигашите, загуби од Саудиска Арабија со 1-0 во меч во кој единствениот гол падна во 85. минута.
Во финишот од средбата недосуден пенал за Македонија во две ситуации. Репрезентативецот Љупче Дориев смета дека поразот е незаслужен, и дека судијата морал да покаже на белата точка.
„Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“, изјави Дориев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА