Фудбалерите на Милан стигнаа до нов сигурен триумф во италијанската Серија А откако во натпревар од 11. коло на домашен терен славеа над Монца со 4-1.
Водство за „росонерите“ од 1-0 донесе Брахим Дијаз во 16. минута. Истиот фудбалер зголеми и на 2-0 со погодок во 41. минута. Со овој резултат двата тима заминаа на пауза по првите 45. минути.
Во вториот дел Дивок Ориџи во 65. минута зголеми на 3-0. Гостите намалија на 3-1 со голот на Филипо Ранокиа во 70. минута, додека конечните 4-1 ги постави Рафаел Леао во 84. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА