Малер-викенд за Франција: Варан со солзи го напушти теренот, виси настапот на СП

Францускиот селектор Дидие Дешамп ќе има огромни главоболки по овој викенд во фудбалска Европа. Најпрвин Карим Бензема заработи незгодна повреда поради која е неизвесен за настап на СП во Катар, а од вечерва истото е случај и со Рафаел Варан.

Искусниот дефанзивец се повреди при еден пад на големото дерби меѓу Челси и Манчестер Јунајтед, по што жалејќи се на болка во коленото мораше да го напушти теренот. Дека повредата не е нималку наивна беше очигледно од реакцијата на Варан, кому му е јасно дека на еден месец до стартот на мундијалот лесно може да се случи тој да не биде во можност да го брани златото освоено пред четири години во Русија.

Само за потсетување, „триколорите“ веќе останаа без Нголо Канте како и без резервниот голман Мењон за СП во Катар, а крајно неизвесен покрај Бензема и Варан е и Пол Погба, кој допрва ќе треба да дебитира за Јувентус сезонава по тешката повреда заработена летово.

Се вчитува...