Мајкл Кефи го одигра својот најдобар меч во дресот на МЗТ Скопје, постигнувајќи 22 поени и седум асистенции во големиот триумф над Студентски Центар.
Американецот беше незапирлив за бековите на црногорскиот состав, а најубавите поени ги постигна со звукот на сирената од првото полувреме, кога за неколку секунди претрча половина терен и погоди тројка со помош на таблата.
Таа тројка значеше и водство на МЗТ Скопје на крајот од полувремето, како најава за фуриозната трета четвртина во која беше скршен отпорот на гостите и трасиран патот до големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА