Шок во Формула 1 светот – Почина Дитрих Матешиц

Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиќ, почина на 78-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Австрискиот бизнисмен е основач на корпоративниот гигант Ред Бул. На пошироката јавност и е најпознат по неговите активности во Формула 1.

Тој влезе во Формула 1 во 90-тите, бидејќи Ред Бул беше главен спонзор и мнозински сопственик на Заубер. Од 2005 година, тимот на Ред Бул работи самостојно и постепено прерасна во еден од најуспешните тимови на овој век.

Најуспешниот период на Ред Бул со Матешиц беше на почетокот на минатата деценија, кога освоија четири титули во конкуренција на возачи (Себастијан Фетел) и конструктори. Матешиќ доживеа и Макс Ферстапен да се радува на две титули по долгата доминација на Мерцедес.

Се вчитува...